Утрински Весник
Македонија

Скопјанец тврди дека утринава две лица му го запалиле „БМВ“-то

Pozar vozila 3.jpg

Во раните утрински часови денеска, околу 04:05 часот, во Полициското одделение Матејче било пријавено опожарување на патничко возило во селото Ропаљце, општина Липково.

Како што соопшти полицијата, Џ.Е. (25) од Скопје пријавил дека пред неговата куќа две лица со запалива течност предизвикале пожар во неговото возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки.


Според пријавата, сопственикот успеал сам да го изгасне пожарот, при што нема повредени лица.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово, а полицијата презема мерки за расчистување на случајот и откривање на сторителите.

Можете да прочитате

Сиљановска-Давкова во комеморативна посета на Треблинка

Владата нуди статистичка утеха додека животот поскапува вели Битиќи

Пожар во дел од магацин во близина на карбинското село Таринци