Утрински Весник
Македонија

Скопјанец пукал со пушка во мета, но ја погодил мајка си во нога

Vozdushna pushka.jpg

На 14.11.2025 во СВР Скопје, од Градска општа болница „Св.Наум Охридски” е пријавено дека кај нив со прострелна рана на десната нога е донесена Љ.И.(46) од Скопје.

Како што пријавил нејзиниот син Д.И.(21), на 13.11.2025 околу 17:00 часот во нивната викенд куќа во с.Брест, скопско, пукал со воздушна пушка во мета и не ја забележал неговата мајка Љ.И., која поминувала пред него, по што ја погодил на ногата.


Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

Можете да прочитате

Пет милиони евра за слобода, Марковски излезе од притвор

FAME’S со февруарска концертна серија што ги спојува класиката и џезот

ССМ најави масовен протест на 28 јануари