Утрински Весник
Македонија

Скопјанец обвинет за убиство на сопствената баба при семејно насилство

Uzp8q Lenta Policija.jpg

По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе Обвинителен акт против 28-годишен скопјанец за кривично дело – Убиство согласно член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик.

На 18 јануари, при вршење семејно насилство во семејниот дом на булеварот „Видое Смилевски Бато“ во Скопје, обвинетиот со умисла ја лишил од живот сопствената баба.

Додека жртвата јадела, тој ја нападнал, започнал да ја удира по главата и телото, а потоа ја задушил.

Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот.

Можете да прочитате

Костадиновска Стојчевска: Лажеа и за името и за јазикот, СДСМ бара надзорна расправа за Законот за македонски јазик

Пиварa Скопје добитник на Andrew David Cup 2025 – најпрестижното призние во Coca-Cola HBC Групацијата

Започна отстранувањето на терасите во Трговскиот центар во Кочани