Утрински Весник
Македонија

Скопјанец ја малтретирал поранешната девојка – ја влечел пред болница и ѝ се заканувал дека ќе го убие брат ѝ

Tepacka.webp.webp

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 33-годишен скопјанец за продолжено загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик.

Во периодот од 5 до 30 октомври, осомничениот со умисла извршил повеќе временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на истото дело, упатувајќи сериозни закани дека ќе нападне врз животот на неговата поранешна партнерка.


Преку писмени и говорни пораки на социјална мрежа тој и се заканувал, вршејќи семејно насилство, а загрозувањето на сигурноста особено се интензивирало откако таа си заминала од домот на осомничениот, бидејќи била постојано изложена на закани и навреди.

На 30 октомври, осомничениот започнал агресивно да се однесува пред една клиника каде оштетената била сместена на лекување и се заканил дека ќе го убие нејзиниот брат. Почнал да ја тегне за рака оштетената и да ја принудува да оди повторно со него во неговиот дом, со што кај неа предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Можете да прочитате

Пожар во куќа во Прилеп, повреден еден пожарникар

Автомобил удрило осумгодишно дете во село Конче

Трагедија во Гостивар – 18 годишно момче починато донесено во билница