Утрински Весник
Спорт

Скариоло: Новата Шпанија е доказ за победнички тим

Многумина се сомневаа во подмладената шпанска репрезентација пред Евробаскет. На „црвената фурија“ не и се даваа големи шанси за успех, но актуелниот светски шампион покажа дека во никој случај не е за потценување, напротив.

dobivaj vesti na viber

Тимот на селекторот Серџо Скариоло растеше од натпревар во натпревар, ги „преживеа“ фаворизираните Литванци во осминафиналето, успеа да надомести „минус 15“ против Финците во четврт-финалето, а потоа победи и пред полна сала домашни навивачи против Германија во полуфиналето.

Шпанците денеска ќе играат финале против Франција за обединување на титулите европски и светски првак.

„На Светското првенство во Кина сите велеа дека ќе бидеме петти. Потоа рекоа и дека веројатно ќе бидеме најголемото разочарување. Сето тоа е само резултат на големите очекувања. Понекогаш играте според очекувањата, понекогаш ги надминувате или воопшто не ги достигнувате. Затоа не би рекол дека луѓето се сомневаа во нас, но кога зборуваме за годинашното првенство, тоа е можени логично кога имаш осум нови играчи кои не играле на највисоко ниво, во Евролига или да не зборуваме за НБА. Тогаш логично е да те стават на осмо или деветто место и ние не се чувствувавме навредени од тоа“, изјави Скариоло.

Селекторот на Шпанија смета дека јавноста не се сомневала во нивната работа.

„Ако луѓето се сомневаа во нашата работна етика, нашиот капацитет, нашиот тим и се што правиме заедно, играчите, тоа би не навредило. Не зборувајте за нашиот квалитет, бидејќи го знаеме нашиот капацитет. Тоа не значи дека не можеме да направиме победнички тим… Погледнете ги само другите селекции кои се секако поквалитетни и поталентирани од нас, но не се тука. Понекогаш се случуваат чуда, колективниот фактор преовладува над индивидуалниот квалитет. Тоа веќе се случи со Шпанија“, заклучи Скариоло.

Финалето на Европското првенство меѓу Шпанија и Франција е закажано за 20.30 часот во Берлин, а претходно (17.15 часот) Германија и Полска ќе играат во мечот за третото место.

Можете да прочитате

Македонските кошаркарки ја пречекуваат Хрватска во последното коло од квалификациите за ЕП 2027

Над 1.000 македонски навивачи ќе ја бодрат репрезентацијата во Копенхаген

На 18 април стартува новата сезона на Шампионатот во рели со историски возила