Утрински Весник
Македонија

Скандалозен настап на нервозниот Мицкоски: Им се закани на Пендаровски и Ковачевки дека за неколку недели ќе лежат во затвор

1708002705 Whatsapp Image 2023 01 22 At 23.22.13.jpeg

На премиерниот настан на ВМРО-ДПМНЕ за претседателските избори, се обрати и претседателот на партијата Христијан Мицкоски.

Добар дел од своето обраќање Мицкоски потроши да се правда за последниот скандал каде наводно неговата партија нарачувала анкети преку Јавниот сервис.

Мицкоски сподели дека човекот кој го спомнуваат дека сега ја работи кампањата на СДСМ се нудел и во ВМРО-ДПМНЕ.

„Го кажувам ова за да знае и Ковачевски, истиот човек , пред да отиде кај него, беше кај мене и ми понуди да прави фалсификати и документи за власта кои ќе ги продаваме како скандали. Мојата порака кон овој мешетар беше јасна – јас во политиката влегов за да градам и поправам а не да растурам. Така силно го избркав од мојата канцеларија што го промаши и излезот од просторијата“ рече Мицкоски.

За целото време додека говореше кај Мицкоски се чувствуваше нервоза и напнатост, за тие да кулминираат кога почна да зборува дека сегашниот претседател Стево Пендаровски и лидерот на СДСМ за брзо време ќе се најдат во ситуација да одговараат пред законот.

„Но еве ја пораката до Ковачевски и Пендаровски, да не остане некажано. За неколку недели од денес, внимавајте добро што ви кажувам, да не биде дека не сум ви кажал, за неколку недели од денес, ниту едниот ниту другиот ќе имаат државна функција, ниту едниот ниту другиот ќе се кријат позади имунитетот. Треба да знаете дека фалсификување е кривично дело и за тоа лривично дело – се лежи. Ви кажувам за да не излезе дека не сум ви кажал и не сум ве предупредил. За неколку недели од денес“ порача Мицкоски.

Целиот овој сегмент на Мицкоски звучеше небаре како директна закана, па како што тој вели „за неколку недели од денес“ ќе биде и кадија и судија и народски кажано и „ќе коли и ќе беси“ секого кој со него се има замерено.

Интонацијата, говорот на телото и возбудата кај Мицкоски додека сето ова го зборуваше, неодоливо потсетија на времињата кога Никола Груевски јавно најавуваше судски процеси, а неговиот братучед Сашо Мијалков дури и пред да почне рочиштето одредуваше висина на затворски казни.

Можете да прочитате

Ана Котевска освои златна медала на интеранационалната Олимпијада по германски јазик

Влен почнува со формирање на Академија на Албанците за Наука и Уметност

ВМРО ДПМНЕ: Кога следен пат од СДС ќе зборат за наводни криминалци прво нека си заметат во својот двор