Утрински Весник
Свет

Скандал во Вашингтон: Откриен кокаин во Белата куќа, започната истрага

Скандал во Вашингтон: Откриен кокаин во Белата куќа, започната истрага

Американската тајна служба отвори истрага за тоа како бела супстанца, за која е потврдено дека е позитивна на кокаин, завршила во библиотеката во Белата куќа.

dobivaj vesti na viber

Според „Вашингтон пост“, супстанцијата била откриена во неделата навечер, а содржината на дрога била мала.

Портпаролот на тајната служба Ентони Гуљелми изјави дека по откривањето на сомнителна супстанца, службениците кои биле во Белата куќа биле накратко евакуирани.

„Истрагата за причината и начинот на внесување на супстанцијата во Белата куќа е во тек“, рече тој.

Американскиот претседател Џо Бајден во тоа време не бил во зградата, пренесува медиумот.

Можете да прочитате

Бројката на загинати во пожарот во комплексот во Хонг Конг се зголеми на 75, ќе расте уште

Северна Кореја го воведе рускиот јазик како задолжителен предмет во училиштата

Обвинителката Бонди ќе бара смртна казна за осомничениот што пукаше во припадниците на Националната гарда