Утрински Весник
Спорт

Скандал во У-17 репрезентацијата на Камерун

Скандал во У-17 репрезентацијата на Камерун
Dik 300x250 mk

Голем скандал го тресе фудбалот во Камерун. Скандалот е поврзан со репрезентацијата до 17 години.
Меѓу 30. играчи избрани од селекторот за Унифак турнирот (шампионат на младинските репрезентации на Централна Африка), дури 21 од нив не го дал точниот датум на раѓање.

dobivaj vesti na viber

Сите веднаш биле исфрлени од репрезентацијата, а Фудбалскиот сојуз на Камерун почна да бара нивни замени.

Од Сојузот објавија и потврдија дека играчите се исфрлени и дека откривањето на оваа измама е резултат на поригорозните контроли што Фудбалскиот сојуз на Камерун ги спроведува во последните месеци.

Откако пред една година беше избран за претседател легендарниот Самуел Ето почна да се бори против вакви случаи. Досега 44 фудбалери се пријавени во Комисијата на Сојузот поради лажно прикажување на возраста.

Можете да прочитате

Беќири: Ваквите победи се послатки

Осимен блесна со два гола за Галатасарај, Атлетик Билбао со пресврт до први бодови во Лигата на шампионите

ЕХФ воведува ново натпреварување на ниво на репрезентации