Утрински Весник
Македонија

Скандал во Собранието: Власта се обиде да го замолчи гласот на пратениците од СДСМ!

Image 2.png

Во драматична атмосфера на денешната седница на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, каде единствена точка на дневен ред беше Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за организација и работа на органите на државната управа, по скратена постапка, се случи инцидент.

Претседателот на комисијата Љупчо Пренџов, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, се обиде грубо да го прекине и да му го ограничи времето на зборување на пратеникот од СДСМ Фатмир Битиќи, иако тој се обиде да го продолжи своето излагање. Овој чин е во директна спротивност со Деловникот на Собранието на Република Северна Македонија, кој гарантира слобода на говор и правото на пратениците да го искажат своето мислење.

Пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска побара објаснување по кој член од Деловникот се ограничува времето на говорење на комисиски расправи, на што претседавачот Пренџов не даде одговор и објаснување.

„Ограничувањето на слободата на говор на пратениците од опозицијата претставува сериозен удар врз демократијата и принципите на парламентарниот плурализам. ВМРО-ДПМНЕ уште не дојдени на власт се обидуваат да ја замолчат опозицијата“, вели Битиќи за инцидентот.

Можете да прочитате

Изменет сообраќаен режим на Автопат А-1 делница клучка Миладиновци, клучка Петровец и клучка Аеродром

Калајџиев за „Безбеден град“: Шансата да прегазам некого сега кога зјапам во брзинометарот се поголеми од порано

Груби е во добра здравствена кондиција и е сместен со уште еден притвореник