Утрински Весник
Македонија

Скандал во Карпош – Лукровски користел градинки и училишта за политичка кампања

Img 2378.jpeg

Општина Карпош со соопштение до јавноста го обвини кандидатот за градоначалник Сотир Лукровски, поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, за сериозни злоупотреби и притисоци врз деловната и јавната заедница.

Во реакцијата се наведува дека Лукровски испратил писмо до секоја фирма и јавна установа на територијата на општината, барајќи средби за „подобрување на бизнис климата“. Од Карпош потенцираат дека тоа е спротивно  на законите, бидејќи градинките и основните училишта не се фирми, туку јавни установи за воспитување и образование.


„Господинот Мицкоски треба да објасни зошто неговиот кандидат ги повикува директорите на јавни установи на средби, кога токму советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Карпош гласаа против одлуките наставниците и вработените да добијат повисоки плати и подобрени услови“, стои во соопштението.

Од Општината дополнуваат дека со ваквиот потег Лукровски врши невиден притисок врз стопанствениците и јавните институции, користејќи ги нивните податоци и мејлови за политичка кампања. „Ова е флагрантно кршење на законите и форма на досега невиден притисок врз обични стопанственици“, наведуваат од Карпош.

Општината апелира до премиерот Христијан Мицкоски да го предупреди својот кандидат и да не дозволи политички притисоци врз јавните установи, фирмите и граѓаните, во спротивно најавувајќи дека случајот ќе добие и правни последици.

Можете да прочитате

Турски државјанин измамен во Гостивар за 2700 евра

Се најавува сериозен снежен бран на Балканот

Предлагачите на законот за заштита од пушењето не го слушнаа гласот на малите трговци