Утрински Весник
Македонија

Скандал: Полицаец осомничен за сексуално злоставување на малолетник

615210718 1182272267416632 1162493141340058474 n.jpg

Полициски службеник е осомничен за кривично дело „полов напад и силување“ врз малолетно лице во Велес, потврдија од Министерството за внатрешни работи за телевизијата Телма. Осомничениот бил приведен вчера, а против него е поднесена кривична пријава.

Според информациите од МВР, станува збор за полицискиот службеник В.К., кој во периодот од 2024 до 2025 година во повеќе наврати го навел малолетникот, роден 2008 година, да извршува полови дејствија врз себе.


Од Министерството посочуваат дека ваквото однесување кај малолетникот предизвикало силно чувство на вознемиреност, срам и страв дека доколку се дознае за случувањата тоа ќе има негативни последици за него.

Случајот го пријавила жртвата, по што биле преземени мерки од надлежните институции. Постапката се води во соработка со Основното јавно обвинителство, а случајот е предмет на натамошна истрага.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР поднел кривична пријава против осомничениот полициски службеник за кривично дело „полов напад и силување“ согласно член 186 од Кривичниот законик.

Покрај кривичната постапка, против него ќе биде поведена и дисциплинска постапка. Како мерки, ќе му биде одземено службеното оружје, ќе биде упатен на задолжителен психолошки и психијатриски преглед, а ќе биде и отстранет од работното место, односно суспендиран од должност.

Можете да прочитате

г. г. Стефан: Солзите станаа секојдневие

(ВИДЕО) Репортажа од која срцето ќе ви заплаче

Апсења за дрога во Скопје, Охрид и Радовиш