Утрински Весник
Македонија

Скандал: Мицкоски лично ќе гарантира дека Вјоса Османи нема да ги помине законските безбедносни процедури велат од СДСМ

Sdsmmm.jpg

Интегрален текст од соопштение за јавност на СДСМ:

Мицкоски влезе во улога на полицаец и обезбедувач кој во иднина ќе ja спроведуваl лично Претседателката на Косово Вјоса Османи, да се избегнеле скандали. Оваа изјава е скандал сама по себе. 

Дали ова значи дека во иднина тој лично ќе и гарантира дека не треба да ги помине и почитува пропишаните процедурите? Каква е оваа порака на непочитување кон професионалците од МВР и аеродромот кои доследно ги спроведувале процедурите? 

Со ова Мицкоски потврдува дека повторно доаѓа време кога законите не важат, а процедурите може да се кршат според волјата на султан Мицкоски и неговите коалициски партнери.

Јавноста треба да знае дека при иста идентична ситуација во времето на СДСМ и барање на косовската Претседателка да помине надвор од пропишаните процедури, јасно и било кажано како треба тоа да го стори и токму на тој начин се спровела проверката. 

Тогаш немало пиштолџии кои доаѓале на аеродромот да му се закануваат на обезбедувањето кое професионално ги спровело процедурите. Тогаш немало јавување по телефони и политичко влијание од страна ниеден политичар и затоа немало ниту скандал. 

Со изјавата дека следниот пак ќе ја придружува косовската претседателка на аеродром за да се избегнат инциденти, Мицкоски исто така ја прејудицира и влијае на истрагата на Обвинителството и особено на делот на Обвинителството задолжен за прекршоци од страна на полицијата, иако е јасно кој и како ги прекршил законите.

Прво, тоа е Африм Гаши испраќајќи го своето обезбедување, и второ обезбедувањето.

Можете да прочитате

ДУИ: Ние сме гарант за мирот

ОЈО Скопје и Специјалното јавно обвинителство на Косово во заеднички истражен тим, уапсен осомничен за фалсификување евромонети

Филипче: Сите информации за можна дестабилизација Мицкоски да ги сподели со институциите