Утрински Весник
Македонија

Скандал: Давкова помилува лидер на групата „Барон“ и првообвинет во аферата „Шпион“

Img 5835.jpeg

Покрај екс-градоначалникот на Битола Владимир Талески и Шенол Маслани, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова помилувала уште две лица со контроверзно минато.

Според информациите на ТВ21, помилувани се Акиф Равмановски, член на групата „Барон“, и Марјан Ефремов, кој беше првоосомничен во аферата „Шпион“.

Неофицијалните информации наведуваат дека Равмановски е лицето кое пред неколку дена пукало во ногата на 35-годишниот Е.А. во скопската населба Чаир. Равмановски, како член на групата „Барон“, беше вмешан во повеќе криминални активности.

Во случајот на Марјан Ефремов, истрагата за аферата „Шпион“ откри дека тој бил вработен во Агенцијата за разузнавање, но по отказот во 2009 година, формирал злосторничка група. Во неа биле вклучени поранешни и активни службеници на УБК, Јавната безбедност, Воената полиција, и Агенцијата за разузнавање.

При претресот во неговиот дом, полицијата пронашла големи количества оружје, експлозив, како и обемна документација со класифицирани информации.

Овие помилувања предизвикаа бројни реакции во јавноста, отворајќи прашања за критериумите според кои се носат одлуките за помилување.

Можете да прочитате

Штип остана без струја – наставата во училиштата е прекината

Неработни денови за 2025 година

СДСМ во среда избира нови секретари и потпретседатели: Ќе има ли изненадувања?