Утрински Весник
Магазин

Скандал: Адам го нападнал со нож љубовникот на девојката на татко му Ибро

Adampakvopz2 Copy 1.jpg
Dik 300x250 mk

Семејството Лабунски го тресе голем скандал, а близок извор ги сподели деталите за српскиот медиум „Пинк“.

Имено, Адам и неговиот татко Ибро, кои се долги години на естрадата, ја затекнале девојката на Ибро со непознат маж, по што започнале расправија.

По некое време, мажот го нападнал Адам и со нож, поради што ќе биде покрената приватна тужба.

„Адам и Ибро отидоа непланирано кај девојката на Ибро, каде ја начекаа како пие кафе со непознат дечко. Тој цело време потенцирал дека таа е негова, што го испровоцира Адам да го нападне. Тој нејзин љубовник дури почнал да му се заканува со нож, поради што Адам го нападнал, го претепал и му ги ‘затворил’ двете очи. Полицијата веднаш пристигнала на местото на настанот, па сега е поднесена кривична пријава. Таа жена е учителка и навистина не ѝ доликува да си го расипува угледот со такви афери. Има проблем со тироидната жлезда, па можеби ѝ подивеле хормоните, друго објаснување немам. Можеби некој ѝ фрлил црна магија, никогаш не се знае, бидејќи жената никогаш досега не се однесувала така“, открил изворот.

Можете да прочитате

Совети за непотребно претераната грижа за децата наесен

Калиопи најави три акустични концерти во Филхармонија

За мрзеливи луѓе: Самоуправувачка машина за капење