Утрински Весник
Спорт

Скалони, Анчелоти и Гвардиола ќе се борат за наградата „The Best“

Скалони, Анчелоти и Гвардиола ќе се борат за наградата „The Best“

Светската фудбалска организација (ФИФА) ги објави имињата на тројцата конечни кандидати за најдобар тренер за изминатата година. Финалисти на наградата „The Best“ на ФИФА се тренерот на светскиот фудбалски шампион Аргентина, Лионел Скалони, тренерот на европскиот и шпански шампион Реал Мадрид, Карло Анчелоти, и менаџерот на англискиот шампион Манчестер Сити, Пеп Гвардиола.

dobivaj vesti na viber

На поширокиот список на кандидати се најдоа и францускиот селектор Дидие Дешамп и мароканскиот селектор Валид Реграги.

На конечниот список за најдобар тренер кај дамите се најдоа селекторката на англиската репрезентација Сарина Вигман, селекторката на бразилската репрезентација Пиа Сандаге и тренерот на Лион, Соња Бомпастор.

Можете да прочитате

ФФМ се разделува со Благоја Милевски, Седлоски најсериозен кандидат

Триумф на македонските кошаркари во Даблин против Република Ирска

Без победник на дербито во Премиер лигата