Утрински Весник
Скопје

„Сите за Палестина“ утре во 12 часот организира протестен марш во Скопје

Ahmed abu hameeda d9lcsvucerk unsplash 1024x768 1.jpg
Dik 300x250 mk

Иницијативата „Сите за Палестина“ утре, со почеток во 12 часот ќе организира протестен марш чија цел е изразување солидарност со палестинскиот народ и осуда на геноцидот во Газа. Настанот ќе започне пред споменикот „Симфонија на мирот“ на плоштадот Слобода, ќе продолжи по централното градско подрачје, минувајќи пред зградата на Собранието и завршувајќи пред зградата на Министерството за надворешни работи.

Како што информираат од иницијативата „Сите за Палестина“ настанот е дел од глобалното движење на солидарност со Палестина, кое го насочува вниманието кон итната потреба од непречен пристап на хуманитарна помош за Газа и праведна реконструкција под водство на палестинскиот народ.


„И покрај формалниот прекин на огнот, продолжуваат нападите, ограничувањата на помошта и насилството врз цивили и медицински персонал, што докажува дека тековниот „мир“ не значи крај на злосторствата ниту исполнување на меѓународните обврски, што дополнително ја засилува потребата од политички и правен притисок за вистинска правда и слобода за палестинскиот народ. Протестот има за цел да потсети дека мир без слобода не постои, и дека правдата за Палестина е предуслов за праведен свет“, велат од иницијативата.

Можете да прочитате

Мециновиќ: Повикувам на поддршка од сите здраворазумни луѓе, од граѓанскиот сектор – победата ќе биде надпартиска, таков ќе биде и мандатот

Герасимовски: Со преземање на ингеренции на Комунална хигиена и формирање општинско претпријатие го решаваме проблемот со сметот

Утре и во недела посебен режим на сообраќај во Скопје