Утрински Весник
Свет

Сите детали за новиот напад во Србија: 17 годишно момче се бори за живот!

Сите детали за новиот напад во Србија: 17 годишно момче се бори за живот!

Момче (13) со секира нападна мајка и нејзиниот син кај Зрењанин. Со тешки повреди се пренесени во Ургентниот центар.

dobivaj vesti na viber

Жената се здобила со повреди на главата. Била болна од канцер и се уште се лекувала.

По операција во болницата Зрењанин, во шок собата е седумнаесетгодишникот, кој според лекарите во многу тешка и животозагрозувачка состојба. Ранетиот се здобил со повеќе убодни рани во пределот на градниот кош и има сериозни повреди на внатрешните органи, а лекарите се борат за неговиот живот.

Полицијата го приведе таткото на напаѓачот поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело запуштање и злоупотреба на малолетно лице.

„Постои основано сомнение дека неговиот тринаесетгодишен син вечерва со секира и нож повредил педесет и седумгодишна жена и нејзиниот седумнаесетгодишен син во населено место во околината на Нова Црња, нанесувајќи им тешки телесни повреди опасни по живот“, соопштија од Полициската управа Зрењанин.

Во полициска станица е донесен тринаесетгодишникот и во тек е понатамошна работа на случајот.

Можете да прочитате

Цените на златото постојано растат

Во Шпанија прогласена тридневна жалост по железничката несреќа

ЕУ нема да попушти по прашањето за Гренланд, порача Калас