Утрински Весник
Свет

Сириската влада потпиша договор за прекин на огнот со Курдите

20250312075221 Big 730x400 78.webp.webp

Централната влада на Сирија постигна договор со курдските власти кои го контролираат североисточниот дел на земјата, што вклучува прекин на огнот и спојување на локалната вооружена формација со сириската армија.

Формацијата предводена од Курдите, позната како Сириски демократски сили, има поддршка од САД. Договорот го потпишаа привремениот претседател на државата Ахмад ал Шара и командантот на Сириските демократски сили Мазлум Абди.


Ова е голем настан, бидејќи на овој начин поголемиот дел од Сирија доаѓа под контрола на владата во Дамаск, која е предводена од групата на чело на вооружената коалиција која го собори претседателот Башар ал Асад во декември минатата година.

Според договорот, кој треба да се имплементира до крајот на оваа година, сите гранични премини со Ирак и Турција на североисток, како и аеродромите и нафтените полиња, ќе бидат под контрола на централната влада. Сириските Курди ќе ги добијат своите права, вклучувајќи го и образованието и употребата на нивниот јазик. Овие права им беа ускратени со децении под режимот на Асад.

Можете да прочитате

Папата Франциск помина мирна ноќ во болница, соопшти Ватикан

Вработените во УСАИД добија нови инструкции, наредено им е да ги исечат и запалат доверливите документи

Во Бразил исекоа прашума за да се изгради автопат за климатскиот самит