Украинските власти издадоа тревога за воздушни напади во региони низ земјата.
Во последните два часа, официјалниот канал за воздушно предупредување Телеграм издаде предупредувања за регионот околу главниот град Киев, како и за поголемите градови Херсон и Лавов. Предупредувањата се на сила и во регионите Харков, Доњецк, Дњепропетровск и околу десетина други.
Властите, исто така, соопштија дека артилериски оган го погодува јужниот град Никопол, а сите жители биле повикани да се засолнат.
Украина соопшти дека регионот на Киев утрово бил погоден со балистички ракети од север во првиот голем напад на главниот град на Украина од Нова година.
Во рускиот ракетен напад беше погодена клучната инфраструктура во Киев, а беа нападнати и Харков и Запорожје, објавија официјални лица.
This photo published by Kyrylo Tymoshenko, deputy head of the President’s Office, shows a nine-story apartment building that was hit by a Russian missile strike on Jan. 14.
According to Tymoshenko, there are people under the rubble. First responders are working at the site. pic.twitter.com/I2oiVvGcMj
— The Kyiv Independent (@KyivIndependent) January 14, 2023
Градоначалникот на Киев Виталиј Кличко ги повика жителите да одат во засолништата. Тој исто така рече дека остатоците од проектилот паднале на ненаселена област во западниот дел на Киев.
После тоа, гувернерот на украинскиот регион Черкаси предупредил дека Русија може да изврши моќен ракетен напад во текот на денот, бидејќи 17 бомбардери Тупољев полетале од руските воздушни бази. Тој ги повика жителите во областа да се упатат кон засолништата со вклучување на сирените за воздушен напад.
Русија денеска распореди брод вооружен со крстосувачки ракети „Калибр“ во Црното Море, за првпат од почетокот на јануари, соопшти украинската морнарица.
„ Седум непријателски бродови се на борбена задача во Црното Море, меѓу кои и носачот на крстаречки ракети „Калибр“, со вкупен капацитет од осум проектили – соопшти морнарицата.