Утрински Весник
Магазин

Синот на Тони Михајловски за борбата со зависноста: „Не можев да се замислам без да дувам и да пијам“

Aleksandar mihajlovski.jpg
Dik 300x250 mk

Синот на Тони Михајловски, Александар, во подкастот на Стефан Лазаров искрено проговори за животот со наркотици и алкохол и откри дека имал проблеми со менталното здравје.

– Сум го живеел тој живот, јако. Ова го кажувам како лош пример, не како нешто со што се гордеам. Менталното здравје ми беше на најниско ниво во еден период. Ја имав забаталено мојата кариера.


Побитно ми беше да заглавам до 5 саат сабајле со тањирот и со пиење и со сите сра*а и сабајле да станам и да бидам тотално непрофесионален. Сум има сериозни ноќи непреспиени. Тоа ми било најбитно, брат. И ништо не ми било свето. Многу е зае*ано тоа брат, дисциплината е спасот, тоа алкохолот и дрогите е живо с*ање.

Не си мангуп ако можеш да средиш два грама и да испиеш вечерта литро виски и да се степаш – се исповедаше Александар додавајќи дека сето тоа го доведувало до тепачки, па дури и до тоа да го избодат со нож.

Можете да прочитате

Денеска се празнува Светиот апостол Јаков

Ова се четирите најверни хороскопски знаци

Фестивалот „Хаус оф Три” го враќа шармот на скопје на три градски локации