Круз, најмладиот син на Дејвид и Викторија Бекам, го прослави својот 18. роденден, по што отиде на своето прво легално пиво во паб.
Младиот пејач го покажа „ролексот“ од чисто злато додека го пиеше својот прв дозволен пијалок со таткото Дејвид и постариот брат Ромео во еден лондонски паб.
Препознатливиот златен ремен и синиот бројчаник на часовникот укажуваат на тоа дека раскошниот роденденски подарок е Rolex Submariner Date – достапен на официјалната веб-страница на луксузниот бренд за 32.000 фунти.
Ова не е прв пат Круз да добие часовник од познатиот швајцарски бренд, тинејџерот претходно доби сребрен „Сабмаринер“ на својот 16. роденден.
Машката дружба во еден лондонски паб е овековечена на социјалните мрежи, каде што има и славеничко видео споделено од неговите родители. Со оглед на тоа што Круз гради пејачка кариера, на која особено се гордее неговата мајка, поранешна членка на „Спајс грлс“, тие објавија клип со него во музичкото студио.