Утрински Весник
Свет

Синот го запалил татко си додека спиел, па се забарикадирал во станот: пукал кон полицајците од тераса во Хамбург

Germanija Policija.jpg
Dik 300x250 mk

Драматични сцени се случија во четвртокот вечерта во станбена зона во Хамбург. Според медиумите, германската полиција убила маж откако тој отворил оган врз нив. Тој е осомничен дека пред тоа го запалил татко му во станот.

Во четвртокот вечерта околу 11:35 часот жители на зграда во Хамбург повикале полиција поради маж кој се однесува невообичаено.

Истовремено била информирана и противпожарната единица која му пружила помош на таткото на напаѓачот поради тешки изгореници.

Како што пренесува „Билд“, постои сомневање дека синот го запалил татко си додека тој спиел. На несреќникот му била укажана помош на лице место, по што бил пренесен во болница.

Во меѓувреме синот се забарикадирал во станот. Кога полицијата се обидела да го уапси, тој вооружен се појавил на терасата и испукал неколку куршуми во правец на полицијата.

Патролите веднаш побарале поддршка, па пристигнале силите за специјални операции. Кога пристигнале на местото на настанот, мажот повторно отворил оган кон полицијата. Службениците за специјални операции пукале во мажот и го погодиле. Според полицијата, напаѓачот на лице место им подлегнал на повредите. Никој од полицајците не е повреден.

Засега не е познато што го навело синот да го запали татко му, ниту пак е позната состојбата на жртвата.

Полицијата продолжува со увидот.

Можете да прочитате

Мајка ми не е маж, вели ќерката на Брижит Макрон

Половина од светот остана без интернет

Под урнатата зграда во Турција има две жртви, кучиња трагаат по останатите три лица кои се уште се живи