Утрински Весник
Македонија

Синоќа низ Македонија уапсени 18 возачи, меѓу нив и малолетник

Liseni od sloboda dvajca vozaci vo veles i kavadarci upravuvale vozila so brzina pogolema od dozvolenata i pod dejstvo na alkoxol image.jpg

Во текот на 21/22.02.2026 година, во периодот од 22.00 до 04.00 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи спроведе акциска контрола на подрачјето на СВР Скопје и СВР Куманово, со цел санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

При контролата изречени се вкупно 15 мерки за сторени сообраќајни прекршоци. Од нив, осум возачи биле санкционирани и исклучени од сообраќај поради управување моторно возило под дејство на алкохол. Едно лице е лишено од слобода за сторени кривични дела по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“ и по член 383 ,,напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста”.


Дополнително, санкционирани се седум возачи за останати сообраќајни прекршоци.

За сите сторители изготвени се соодветни поднесоци.

Исто така во период 21/22.02.2026, на целата територија на државата полициски службеници лишиле од слобода 18 лица, од кои седум поради управување возило без возачка дозвола, седум лица поради управување возило под дејство на алкохол, две лица бидејќи управувале возило по истек на важноста на регистрацијата а исто така и не поседувале возачка дозвола, едно лице кое не поседувало возачка дозвола било и под дејство на алкохол и едно лице кое возело со брзина поголема од дозволената.

Возачи од Скопје, Велес, Кавадарци и еден малолетник од Тетово биле затекнати како управуваат возила без да поседуваат возачка дозвола, при што малолетникот со голема брзина удрил во електричен ормар на ЕВН и се обидел да ги прегази полициските службеници.

Возачи од Свети Николе, Кочани, Прилеп, Куманово, Богданци, Охрид и Скопје управувале возило под дејство на алкохол, додека возач од Република Србија управувал возило со брзина поголема од дозволеното, односно управувал возилото со 203 километри на место каде е дозволено 120. Возачи од Гостивар и Скопје управувале возило без возачка дозвола а исто така и важноста на регистрацијата на возилата им била истечена, додека возач од Македонски брод кој управувал без возачка дозвола бил и под дејство на алкохол.

Лицата се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Можете да прочитате

Насилна ноќ во Скопје: Пијан возач нападна полицаец, обид за прегазување на дете и серија тепачки низ градот

Левица: Свесно и ситемски се ништи македонската меморија – Ревизорите со негативен извештај за Државен архив

Синоќа опожарен автомобил и во скопски Аеродром