Утрински Весник
Магазин

Синхронизираната авантура за деца „Смрдушковци“ од денеска во повеќе од 10 кина низ републиката

2000x2000.jpg

Германскиот детски филм синхронизиран на маедонски и албански јазик „Смрдушковци“, во режија на Јенс Мулер и Тоби Генкел, од денеска почнува да се прикажува во повеќе од 10 кина низ земјава. Во Скопје се прикажува во Кинотека, кината „Синеплекс“, „Милениум“ и „Киноверзум“, во Битола во Центарот за култура и киното „Манаки, во НУЦК „Ацо Ѓорчев“ – Неготино, Центар за култура „Браќа Миладиновци“ Струга, Дом на култура „Крсте Петков Мисирков“ Свети Николе, кината „Киноверзум“ во Велес и Штип и НУЦК „Бели Мугри“ Кочани, НУЦК „Кочо Рацин“ Кичево.

Филмот се фокусира на проблемите на семејството Смрдушковци, мали зелени суштества кои живеат на депонија и јадат ѓубре, и има пораки погодни за децата за рециклирање, емпатија и инклузија.

Во потрага по својот нов дом, Смрдушковци се наделуваат во Смрдвил, едно прекрасно и весело селце. На жалост, во Смрдвил има еден гаден проблем: локалната депонија ја згадува целата околина. Нешто мора да се превземе! Макс, синот на градоначалникот, е млад талент кој тајно мечтае да го реши смрдливиот проблем со една луда машина, која ја изработува заедно со професорот Пенливски и неговата внука Лота. Кога Макс се сретнува со Смрдушковци на депонијата, веднаш станува јасно дека тие се решението за проблемот, затоа што јадат ѓубре! А за Смрдушковци, депонијата значи дека конечно нашле вистински дом. Сè би било во ред ако не беа плановите на сопругата на градоначалникот и бескрупулозниот градежен изведувач Чекановски кои сакаат на депонијата да градат велнес центар! Смрдушковци сега треба да го спасат својот нов дом заедно со пријателите Макс и Лота.

Дојдете и придружете им се на Смрдушковците во нивниот начин за смрдлива, валкана и неуредна авантура!

Филмот беше прикажан на најголемите фестивали за детски и фамилијарни филмови како Џифони Италија, Интернационалниот фестивал за деца и млади во Бусан, Интернационалниот филмски фестивал во Сан Себастијан, Германскиот медиа фестивал за деца „Голденер Шпац“ и други.

Дистрибутер на филмот е „Катавеј“ од Скопје, а дистрибуцијата е помогната од German Films, како и од МЕДИА Креативна Европа преку меѓународниот проект KidSquare (Детско катче). Од крајот на месецов филмот ќе биде достапен онлајн на платформата cinesquare.net.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста