Утрински Весник
Спорт

Синер го декласира Ѓоковиќ за прво грен слем финале во кариерата

11975316
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Новак Ѓоковиќ ја предаде титулата на Австралија опен. Првиот носител доживеа елиминација во полуфиналето од Јаник Синер. Италијанецот славеше по три часа и 20 минути игра со 6:1, 6:2, 6:7, 6:3.

Денес во Мелбурн заврши една од најголемите традиции на грен слем тутрнирите. Ѓоковиќ по 10 успешни походи, загуби полуфинален меч. Традицијата ја прекина брилијантниот Јаник Синер.

Ѓоковиќ едноставно потклекна пред подбриот тенисер. Нестварно звучи податокот дека најдобриот ретерн во историјата на тенисот немаше ниту една брејк шанса. Нестварно звучи податокот дека Синер освои речиси 88 отсто од поените по првиот сервис.

Исто така Италијанецот успеа да му го нанесе првиот пораз на Ѓоковиќ на Австралија опен по цели шест години.

Противник на Синер, во неговото прво грен слем финале во кариерата, ќе биде Данил Медведев или Александер Зверев.

Можете да прочитате

Десетта победа за ТФТ во првенството

Специјализирани тестирања на олимписките стипендисти за Лос Анџелес 2028

Фудбалските менаџери заработија рекордни пари во 2025