Утрински Весник
Македонија

Синдикатот на културните работници со повик за протестот во среда

617745284 1307987948031361 7359292544802864171 n.jpg

Синдикатот на културни работници на Македонија денеска соопшти дека се приклучува на протестот на ССМ за повисоки плати закажан за в среда.

Оттаму, додваат дека изминатата 2025 година, како и почетокот на 2026 година, се обележани со низа сериозни и загрижувачки случувања во културата.

„Од системско непочитување на Колективните договори, преку намалување на платите на културните работници за 3%, до целосно игнорирање на законските обврски од страна на Министерството за култура.

Сето ова претставува директна и континуирана штета врз вработените во културата и врз самата културна дејност. На 28.01.2026 година, ССМ организира протест за зголемување на минималната плата и на сите останати плати. СКРМ го подржува протестот и има многу причини за протест. Затоа, колеги, ова не е никаков апел.

Ова е директен повик. Повик за отпор против самоволието, повик за почитување на законите и судските одлуки, повик за заштита на трудот и заштита на Колективните договори. Повик разумот да биде посилен од надменоста на функцијата“ стои во соопштението на СКРМ.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Разликата меѓу Мицкоски и Филипче е небо и земја, не ја научија лекцијата предавана од народот

Од 45 до 500 евра изнесуваат казните преку „Безбеден град“

„Не се дишеше, беше пекол“ ново сведоштво за трагедијата во Кочани