Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Синдикатот на културата ја доби тужбата за скратените плати во култура

Ministerstvo za kultura 1 740x389 1.jpg
300x250 opst2

Претставници на Синдикатот на културата и денеска излегоа пред Министерството за култура во која истакнаа дека со добивањето на првата пресуда се потврдува дека правата на културните работници биле прекршени со незаконските решенија за намалување на платите. Оттаму прашуваат кој ќе ја понесе одговорноста за штетата која треба да ја платат културните институции

-Ќе одговара ли некој за судските трошоци на кои сега се изложени институциите? Дали истите службеници сега ќе ги заштитат директорите во културата за кој СКРМ поднесе кривични пријави за злоупотреба на службената должност и непочитување на законите и колективните договори. Повикуваме на разум и договор Министерството да седне на маса да се договориме за решавање на спорот и на тој начин да се избегне финансискиот колапс на институциите, изјави Вера Атанасовска од СКРМ.


Од Министерството за култура велат дека немаа никаква официјална информација поврзана со изнесените наводи.

-Министерството нема никакви конкретни сознанија ниту за тоа за која институција се однесуваат истите. Воедно информираме дека Министерството за култура и туризам внимателно го следи целиот процес и веднаш штом ќе располагаме со проверени и релевантни информации, навремено ќе ја информираме јавноста, велат од министерството за култура.

Културните работници во април годинава протестираат пред Министерството поради тоа што за Велигденските празници не ги добија своите плати, како и непочитување на колективните договори. На ова тогаш министерот Зоран Љутков одговори дека се доцни поради усогласување на платите, но платите потоа беа исплатени со намалување.

Можете да прочитате

Теохаров: Доколку не беше задолжително осигурувањето на автомобилите, ќе бевме сведоци на хаотична ситуација

Филипче од Прилеп: ВМРО-ДПМНЕ убедливо најмногу штета направи на земјоделството и земјоделците

Филипче до Димитриевски: Со подизведувачи на ДПМНЕ и предавници на социјадемократската идеја не дебатирам