Утрински Весник
Македонија

Синдикатот на битолскиот универзитет е категоричен дека документацијата за Колективниот договор ја доставил навремено

Screenshot 2024 03 06 145907.png

Синдикатот на вработените на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ од Битола испрати демант на изјавите од техничкиот премиер Талат Џафери, кој одржа прес конференција за колективните договори на петте јавни универзитети. Од таму посочуваат дека синдикалниот активизам има граѓанска димензија, а не како што кажа Џафери, предизборна. „Синдикатот на вработените на Универзитетот „Св. Климент Охридски” Битола одговорно тврди дека целокупната документација за потпишување на Колективниот договор уредно е доставена до претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, основач на Универзитетот на 04.05.2023 година, а истата е примена од наведениот примач на пратката на 05.05.2023 година. Во прилог ви доставуваме скенирано Барање бр. 02-9/1 од 04.05.2023 година и Повратница за врачување со број на испратена пратка 055674143 од 04.05.2024 година, со што се демантира изјавата на г-динот Џафери за ненавремено поднесување на документацијата за потпишување на Колективниот договор, односно тврдењето дека Синдикатите почнале да ги доставуваат материјалите во октомври, 2023 година. Тврдењето дека Синдикатите на Универзитетите не биле формирани навремено целосно го отфрламе, бидејќи Синдикатот на Универзитетот „Св. Климент Охридски” Битола е формиран на 14.12.2022 година, за што ви испраќаме и Тековна состојба од Централен регистар“, велат во писмената реакција од таму. Од Синдикатот на битолскиот универзитет посочуваат дека документацијата била навремено доставена, а ставот на техничкиот премиер дека не знаеле да напишат барање го гледаат како навреда. „Навредата, пак, дека Синдикатите не знаеле да напишат Барање, не сакаме ни да ја коментираме. Впрочем, во прилог ви го доставуваме и Барањето, па ве молиме самите да ја оцените спорноста на истото. Во однос на хронологијата, односно развојот на настаните околу (не) потпишувањето на колективните договори, ве потсетуваме и на изјавата на претседателот на Синдикатот на вработените на Универзитетот „Св. Климент Охридски” Битола, проф. д-р Саша Дукоски, дадена за време на протестот, одржан на 04.03.2024 година, во којашто се вели: Документацијата од нашиот Синдикат беше навремено доставена, уште во мај. Бевме замолени, од тогашниот претседател на Собранието, Талат Џафери, да бидеме носители на активностите за формирање на синдикални организации на другите четири јавни универзитети и нашиот колективен договор да биде пример за подготвување на колективни договори на овие универзитети. Тоа остана само како ветување. Во почетокот на декември испративме предупредувачко писмо. Значи, ги опоменавме дека вене истекува моментот за потпишување на колективен договор. Во текот на месец февруари, оваа година, беше ставен во оперативна- употреба Колективниот договор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” Скопје и беа исплатени платите по новиот Колективен договор. Веднаш потоа сите пет синдикални организации на јавните универзитети испративме барање за итен прием кај претседателот на Собранието на 15.02.2024 година бевме примени од претседателот на Собранието, на средбата ни беше кажано дека ги имаме доставено сите документи“, реагираат од Синдикатот на вработените на Универзитетот „Св. Климент Охридски” Битола.

Можете да прочитате

Петрушевски: Поднесените амандмани се популистички

Општина Струмица ѝ предаде објект на Фондацијата „Елеуса“

Никој не го отворил прашањето дека може без Албанците, вели Меџити за изјавата на Ахмети од Швајцарија