Утрински Весник
Македонија

Синдикатите револтирани: Минималната плата зголемен без нас, ова е преседан!

Parite 37qcim4nwd2wawdd6qyxhc 960x528 1.jpg

Минималната плата од април ќе се зголеми за 1 812 денари и ќе изнесува 24 379 денари, но одлуката беше донесена без консултации со синдикатите, тврди Трпе Деаноски од УПОЗ. Тој истакна дека ова е првпат од 2012 година минималецот да се утврди без учество на работниците и работодавачите во социјалниот дијалог.

„Одлуката беше донесена без економско-социјалниот совет, без да се договорат работниците, работодавачите и Владата. Првпат се случува ова, но со оглед на состојбата во државата, веројатно нема да биде последен пат. Во петок ќе одржиме седница на ССМ за да ги одредиме следните чекори“, изјави Деаноски.


Владата вчера усвои одлука за утврдување на минималната плата, која ќе се зголеми за 2 685 денари бруто или 1 812 денари нето. Заменик-министерот за економија, Марјан Ристески, објасни дека ваквата одлука се должи на фактот дека во моментов ниту еден синдикат нема репрезентативност.

„Законот мора да се почитува. Оставаме простор, доколку синдикатите и работодавачите постигнат договор за повисок минималец, Владата ќе го поддржи“, рече Ристески.

Минималната плата се утврдува еднаш годишно во март и се пресметува врз основа на 50% од просечната исплатена плата и 50% од зголемувањето на трошоците за живот од претходната година. Барањето на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) беше минималната плата да се зголеми за 6 000 денари, односно да изнесува 500 евра, при што дел од придонесите би биле покриени од државата во рок од 12 месеци.

Можете да прочитате

Тројца пациенти денеска се враќаат од Шведска и Грција

Нормализиран сообраќајот на патот Горно Лисиче- Долно Лисиче, пуштен во употреба првиот мост во село Батинци

Директорот на БЈБ при МВР Јанев ја отвори работилницата на Интерпол што се одржува во Скопје