Утрински Весник
Македонија

Синдикатите на првомајски протести

Синдикатите на првомајски протести
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Сојузот на синдикатите на Македонија на Денот на трудот – 1 Мај организира првомајски протест под мотото „Работниците се државата“.

dobivaj vesti na viber

Протестот ќе почне во 12 часот пред зградата на ССМ.

„Сметаме дека покачувањето на функционерските плати за 78 проценти или по 2.000 денари дневно, воведувањето на 12 часовен работен ден за голем број работници, тоа што ги излажаа вработените во здравството и што не им ги зголемија платите, тоа што не го склучија општиот колективен договор за јавен сектор со кој секој вработен ќе има право на К-15, се доволен мотив и повеќе од причина да се излезе на протест на улица и да се изрази незадоволството“, порачува ССМ во повикот за учество на протестот.

Сите заедно, работници, синдикати, граѓани и синдикалци, дополнуваат од Синдикатот, треба да застанеме и да покажеме единство и солидарност и да ги спречиме намерите и лошите владини политики.

Според ССМ, првомајскиот протест е единствен начин власта да го слушне гласот на сите.

Можете да прочитате

Ограбена аптека на Бит пазар

Младо момче тешко повредено откако излетало од коловоз во скопско Ново село

Манасиевски: Мали Фрчко – новото лице на Филипче, кадар на уништениот систем