Утрински Весник
Економија

Синдикалците го блокираа Собранието, бараат повисока минимална плата

Screenshot 1 7.jpg

Сојузот на синдикати на Македонија утрово од 9.00 часот ги блокираше приодите кон Собранието.

Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов, утрово пред Собранието ги критикуваше пратениците за тоа што две години го блокираат предлогот на синдикатот за зголемување на минималната плата и сите работнички плати за најмалку 6.000 денари.

Трендафилов најави мирна блокада на две локации, која ќе трае до почетокот на седницата закажана за 11 часот, со цел пратениците да не можат да пристигнат до своите возила и да мора да користат пеш или јавен превоз.

„Голем дел од пратениците рано утрово дојдоа пред 9 часот за да избегнат средба со работниците. Се срамат од своите гласачи затоа што одбиваат да ја зголемат платата, а во исто време нивните плати ќе се зголемат за 12,6%“, рече Трендафилов.

Можете да прочитате

СДСМ: Нема пари за минималната плата затоа што Владата планира авион за Мицкоски

Арнаудова-Стојановска: Расте штедењето во денари и на долг рок

Клековски против минималната плата од 600 евра