Утрински Весник
Економија

Симпозиум „Иднината на дигиталните иновации – симпозиум за соработка со академијата и индустријата“

20241001161727 Big 730x400 67.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски ќе има воведно обраќање на денешнoто отварањето на настанот „Иднината на дигиталните иновации – симпозиум за соработка со академијата и индустријата“. 

Овој настан, како што соопштуваат организаторите, се одржува во рамки на Дигиталниот центар за иновации – ДигитМак, со што ќе започне и неговата работа.

По отворањето на овој симпозиум, предвидени се изјави на министерот Андоновски, координаторот на Дигитмак и заменик-декан на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство Петре Ламески, и координаторот на Бизнис акцелератор УКИМ и заменик-национален координатор на Европскиот институт за иновации и технологија (ЕИТ) Никола Огненовски. 

Во текот на одржувањето на симпозиумот водечки експерти, едукатори и индустриски професионалци ќе говорат за потребната соработка помеѓу академските институции и индустриските лидери.

-Имено, истата е од суштинско значење за поттикнување на иновациите и развој на работна сила опремена со вештини потребни за иднината. Овој симпозиум ќе обезбеди платформа за учесниците да разговараат за најдобрите практики, да споделат сознанија и да воспостават партнерства кои ќе ги подобрат образовните процеси и ќе промовираат одржлив економски раст, велат организаторите на настанот.

Во текот на симпозиумот, ќе има можности за брзи состаноци фокусирани на услугите на центарот, вклучувајќи проценка на иновациите, образование и обука, дигитализација и дигитални услуги, како и пристап до финансии.

На симпозиумот гостите ќе имаат можност да се запознаат со можностите и програмите на Европскиот институт за иновации и технологии (ЕИТ), Европската банка за обнова и развој, Европска мрежа на претприемништво на Северна Македонија – ЕЕНОМА, Мрежата на универзитети од главните градови во Европа (УНИКА), како и Центар за процесирање со високи перформанси на Северна Македонија.

Новиот дигитален центар за иновации ДигитМак ќе нуди можности за зајакнување на дигиталната подготвеност и капацитет во бизнисите и јавните организации. Тој е основан од конзорциум на четири партнерски институции, секоја од нив со соодветна експертиза во услугите за поддршка на дигиталната трансформација, вклучително и основната инфраструктура. Основачите се Универзитетот Св Кирил и Методиј Скопје, Стопанска комора на Република Северна Македонија, Бизнис акцелератор УКИМ, како и Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување. 

Центарот во следниве години треба да придонесува кон подобрување на дигиталната трансформација, одржливост, раст, продуктивност и конкурентност на приватните и јавните субјекти во државава. 

Можете да прочитате

Битиќи открива детали за буџетската дупка

Мицкоски најави две нови странски инвестиции во вкупна вредност од 80 милиони евра

„Алкалоид“ отвори нова микробиолошка лабораторија – инвестиција вредна 3,1 милион евра