Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Симов: РФС е цврста екипа, мораме да бидеме мудри и внимателни

Симов: РФС е цврста екипа, мораме да бидеме мудри и внимателни
Img 7972

Фудбалерите на Македонија ЃП, утре ќе го одиграат првиот европски меч во новата сезона. Во Конференциската лига, од 17.30 часот на комплексот на ФФМ, Македонија ЃП ќе го пречека летонскиот претставник РФС Рига.

dobivaj vesti na viber

„Лавовите“ го респектираат противникот, но и се надеваат дека можат да излезат како победници на крајот од двомечот.

„Мора да бидеме мудри и внимателни. Го анализиравме противникот, тие се цврста екипа со квалитетни индивидуалци која има одлични резултати во домашното првенство. Но, и ние имаме желба и квалитет да се надигруваме и да се обидеме да оствариме резултат што го посакуваме“, изјави тренерот на Македонија ЃП, Горан Симов.

Капитенот Филип Мишевски вели дека тимот ќе мора да одговори на агресивната игра на противникот, посебно во средниот ред.

„Мора да бидеме агресивни, да одговориме идентично на нивниот стил на игра, посебно во средниот ред. РФС Рига е квалитетен тим, нема пораз на повеќе од 20 последовни натпревари, но ќе се дадеме сѐ од себе утре да ги поразиме во Скопје“, истакна Мишевски.

Фото/МакФудбал

Можете да прочитате

Шеста светска клупска титула за ракометарите на Барселона

Федерер, Дел Потро и Кузнецова номинирани за влез во тениската Куќа на славни

Синер го победи Тинг во два сета во финалето во Пекинг