Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Симонов: Приоритет е енергетски ефикасна општина и борба против регионална депонија

Photo 2025 10 13 16 29 41.jpg
300x250 opst2

Во рамки на предизборните активности, народните средби на кандидатите за советници заедно со лидерот на Левица, Димитар Апасиев, денес продолжија во Свети Николе. Сѐ поголемата поддршка од народот е очигледна во непосреден контакт со граѓаните.

На средбите со граѓани, носителот на листа, Александар Симонов истакна:


„Веќе влегуваме во последната четвртина од изборната кампања. Воглавно имаме многу позитивни реакции за она што го правиме. Главниот фокус во Општина Свети Николе е на енергетските проекти. Сметаме дека преку енергетски ефикасна општина можеме многу да заштедиме и да го зголемиме буџетот на општината. Во фокус секако, традиционално за нас, остануваат социјалните политики.”

Левица во Свети Николе, како едно од клучните прашања, го истакнува прашањето за борбата против регионална депонија кое ги таргетира граѓани, но како што истакна Симонов ќе се залагаат и за сите инфраструктурни проекти вклучително и во руралните средини. Како многу значајно прашање ја издвои можноста за рурален доктор и „давање медицинска помош на старите и изнемоштени лица кои живеат надвор од градското јадро”, рече тој.

Можете да прочитате

Милевски: Виница заслужува ред и напредок,  да не ја препуштиме повторно на локалните шерифи

На ГП „Блато“ за девет месеци историски рекордна бројка – над милион патници или 74 отсто повеќе од истиот период лани

Адвокатската комора реагира на дописот од државниот јавен обвинител Коцевски за предметот „Пулс“