Утрински Весник
Свет

Силно торнадо во Португалија, три жртви и најмалку 28 повредени

Tornado.jpeg

Португалија е погодена од разорен налет на торнадото „Клаудија“, по кое, според официјалните информации, три лица загинаа, а најмалку 28 се повредени, додека стотици домови и објекти се оштетени или уништени.

Олујата што деновиве ја зафати Португалија, Шпанија, Британија и Ирска предизвика екстремни временски неприлики, поплави, силни ветрови и сериозни материјални штети.


Спасувачките тимови пронашле тела на постар брачен пар во нивната поплавена куќа во Фернао Феру, во близина на Лисабон. Се верува дека нив ги изненадил поплавниот бран додека спиеле и не успеале да излезат поради наглиот налет на водата.

Во саботата силно торнадо го погоди туристичкиот град Албуфеира на југот на Португалија. Претставникот на цивилната заштита Витор Важ Пинто потврди дека починала 85-годишна Британка, а 28 лица биле повредени во хотел во близина на погодениот камп „HolaCamp“.

Очевидци сведочат дека налетите на ветерот фрлале камења, уриваале покриви и превртувале автомобили. Туристите, меѓу нив и многу Британци, се засолниле во привремени скривалишта додека олујата беснеела низ кампот.

Властите соопштија дека едно лице било пријавено за исчезнато, но подоцна било пронајдено под урнатините и идентификувано како британски пензионер.

Португалската метеоролошка агенција потврди дека постои „голема веројатност“ станува збор за вистински торнадо.

Фотографиите од теренот покажуваат целосно уништени куќи, соборени дрвја и значителни штети во поширокиот регион.

Можете да прочитате

Русите со дронови нападнаа станбени згради и соларна електрана во Украина

На трка во Австралија, автомобил пробил ограда и се забил во публиката, 13 повредени

Украинските власти објавија дека нападнале рафинерија во близина на Москва