Утрински Весник
Свет

Силно невреме во Калифорнија, има и жртви

Силно невреме во Калифорнија, има и жртви

Големото невреме во Тихиот Океан втор ден по ред донесе силни ветрови, врнежи и виулици во Калифорнија.

dobivaj vesti na viber

Неколку десетици илјади граѓани останаа без струја, а патиштата се поплавени и непроодни поради паднати дрвја и одрони, јавува денеска АП.

Најмалку две жртви од невремето се пријавени од средата, едната жртва е мало дете кое било удрено од дрво и уништило мобилна куќа во Северна Калифорнија, додека другата е 19-годишна девојка.

Обемот на врнежите и материјалните штети е помал од предвидувањето на експертите пред почетокот на невремето, метеоролозите предупредуваат дека се очекува уште поголемо невреме. Следниот бран на бури се очекува доцна вечерва, што ќе донесе ризик од лизгање на земјиштето и поплави, соопшти американската Национална метеоролошка служба.

Најзагрозени места се оние каде што земјата беше опустошена по овогодинешните пожари.

Областа на заливот Сан Франциско, градот Сакраменто и околните региони сè уште се опоравуваат од големите штети од поплавите.

Можете да прочитате

Маж се здоби со тешки изгореници од струен удар додека правел селфи на покрив на воз во Германија

Вооружена банда мотоциклисти киднапирала повеќе од 60 луѓе во северозападна Нигерија

Кина повторно воведe портокаловo ниво за опасност од дождовни бури