Утрински Весник
Свет

Силни турбуленции во авионот Лондон – Сингапур: Еден загинат и 30 повредени

Singapore Airlines 18f9ab7d59a Medium.jpg
Dik 300x250 mk

Едно лице загина во авион кој летал од Лондон за Сингапур поради силни турбуленции, а повеќе од 30 лица се повредени, јавува Би-би-си.

Авионот „Боинг 777-300ER“ кој летал за Сингапур бил пренасочен кон Бангкок и слетал во 15:45 часот по локално време. Авионот превезувал вкупно 211 патници и 18 членови на екипажот, се наведува во соопштението за печатот на авиокомпанијата.

Сингапур ерлајнс објави дека летот SQ321, кој летал од аеродромот Хитроу во Лондон до Сингапур, наишол на сериозни турбуленции.

„Можеме да потврдиме дека има повредени и еден фатален случај во Боингот 777-300ER. Во авионот имало вкупно 211 патници и 18 членови на екипажот. Сингапур ерлајнс изразува длабоко сочувство до семејството на починатиот“, соопшти компанијата.

Тие додадоа дека „соработуваат со локалните власти во Тајланд за да им ја пружат потребната медицинска помош на повредените“ и испраќаат тим во Бангкок за да обезбеди дополнителна помош.

Можете да прочитате

Двајцата уапсени за нападот со нож во воз на станицата во Хантингдон се родени во Велика Британија, соопшти полицијата

Песков: Можно е брзо да се договори средба меѓу Путин и Трамп, но за тоа во моментов нема потреба

Пет германски планинари го загубија животот во лавина во Јужен Тирол