Утрински Весник
Свет

Силни турбуленции на летот од САД за Германија, седум патници повредени

Силни турбуленции на летот од САД за Германија, седум патници повредени

Седум лица се повредени откако летот на Луфтханза над САД го погодија силни турбуленции, јавуваат американските медиуми.

dobivaj vesti na viber

Авионот летал на релација Остин – Франкфурт, а турбуленциите започнале над американската сојузна држава Тенеси. Седум лица на летот на Луфтханза од Тексас за Германија се пренесени во болница.

Авионот принудно слета на аеродромот Далес во предградието на Вашингтон. Тој слета на аеродромот во 21:12 часот по локално време, а Луфтханза се уште не го коментираше инцидентот.

Секоја година во САД, околу 65.000 авиони доживуваат умерени турбуленции, а околу 5.500 од нив доживуваат тешки турбуленции.

– Спроведовме некои компјутерски симулации и откривме дека сериозните турбуленции би можеле да се удвојат или тројно во наредните децении – изјави Пол Вилијамс од Универзитетот во Ридинг во Велика Британија,пренесе Аваз.ба.

Можете да прочитате

Два брода со мигранти се превртеа кај Мадагаскар, 25 лица загинаа

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење