Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер ја заврши кариерата откако на Лејвер купот загуби со партнерот Рафаел Надал од Американците Џек Сок и Френсис Тиафо.
За тоа време освои безброј трофеи и го држеше рекордот по број на недели на број 1, кој подоцна го собори Новак Ѓоковиќ.
Тој неодамна објави порака на социјалните мрежи:
„Сите се надеваме на крај од бајките, а вака помина мојот: Го загубив последниот меч во сингл, го загубив последниот меч во двојки, го загубив последниот турнир на кој бев дел од тимот, го загубив гласот за време на викендот, останав без работа. Сепак, моето пензионирање не можеше да биде посовршено и среќен сум како испадна сето тоа. Затоа, не премислувајте и замислете го тој совршен крај. Вашиот секогаш ќе биде неверојатен, на ваш начин“, напиша тој.
Во кариерата долга 24 години, Федерер освои 20 Гренд слем и 32 Мастерси. На 1526 натпревари остварил 1251 победа.
View this post on Instagram