Утрински Весник
Свет

Силна експлозија во фабрика во Шпанија – има загинати и повредени

4s0vs Screenshot 2024 11 27 204543.jpg

Три лица загинаа, а седум се повредени во експлозија во фабрика во близина на крајбрежниот град Аликанте во југоисточна Шпанија, соопштија спасувачките служби.

Инцидентот се случил во индустриска зона, на околу четириесет километри од центарот на Аликанте, во фабрика која произведува полистирен.

„Три лица загинаа, а седум се повредени“ во експлозија во фабрика“, објави попладнево на мрежата X на спасувачката служба на регионот Валенсија, каде што се наоѓа Аликанте.

Директорот на итната служба на регионот на Валенсија, Алберто Мартин, за јавната телевизија ТВЕ изјави дека котелот експлодирал во фабриката, и дека три лица загинале, а три се тешко повредени.

Според пожарникарите, по уривањето на делот од експлозијата од индустрискиот објект паднал покривот и се срушила околу половина од површината на објектот.

Премиерот Педро Санчез им ја пренесе целосната поддршка од шпанската влада на жртвите во несреќата, како и на пожарникарите и спасувачите.

Можете да прочитате

Трамп: Бајден дозволи во САД да влезат десетина милиони илегални криминалци

Зеленски: Кучето на Лукашенко има повеќе права од белорускиот народ

Потона брод со мигранти, над 50 загинати