Утрински Весник
Балкан

Силна експлозија пред филијала на банка во Солун

Grcija Policija.jpg

Материјална штета на згради и на неколку паркирани возила предизвика силната експлозија што во текот на ноќта се сучи пред филијала на банка во населбата Евсомос во Солун, јави дописничката на МИА од Атина.

Од експлозијата нема повредени лица, а според првичните информации, не претходел предупредувачки повик или какво било друго известување.

Според државната телевизија „ЕРТ“ експлозијата била толку силна што се слушнала и на оддалеченост од над еден километар, а најмалку седум паркирани автомобили и објектите во околината претрпеле материјална штета.

Во тек е истрага на грчката полиција и одделот за деактивирање на експлозивни направи на грчката полиција за околностите на експлозијата.

Можете да прочитате

Пронајдени 52 килограми нелегален тутун во Загреб

Почина проф. д-р Илбер Ортајли, еден од најголемите современи турски историчари и интелектуалци

Силен земјотрес во близина на Крит