Утрински Весник
Македонија

Силна борба протв корупција: Кривична пријава за директор на ЈП за штета од 850 евра

Sud.webp.webp

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево, до Основното јавно обвинителство Делчево поднесе кривична пријава против С.С.(60) од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување” по член 353 и „несовесно работење во службата” по член 353-в, а во врска со член 45 од Кривичниот законик.

Пријавениот, директор во ЈКП „Брегалница”-Делчево, во периодот од 31.07.2024 до 24.03.2025, иако знаел  и бил должен да знае, во повеќе наврати дозволил вработени да управуваат службени моторни возила кои не биле технички исправни и не биле  регистрирани. При извршени контроли, од полициски службеници од ОВР Делчево е констатирано дека возилата не биле регистрирани подолг период и биле издадени неколку прекршочни платни налози со вкупен износ од  50.909 денари, кој бил платен од пријавениот. На тој начин, С.С. нанел штета на јавното претпријатие за наведената сума од 50.909 денари.


Можете да прочитате

Македонска гордост: Поп Ацев стана петтиот Македонец кој го преплива Ла Манш за 9 часа и 43 минути

Муцунски во Брисел: Северна Македонија останува целосно посветена на европските интеграции

Мечка во Отуње снимена како пребарува по тераса