Утрински Весник
Свет

Силен земјотрес во Грција, измерени 5 степени по Рихтер

Силен земјотрес во Грција, измерени 5 степени по Рихтер

Земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала се случи утринава во 10:40 часот по локално време, на околу 18 километри источно-југоисточно од Палеохори во Ханија, Крит, се вели во соопштението на ЕЛМЕПА, Институтот за физика на Земјата со седиште во Ханија.

dobivaj vesti na viber

Земјотресот бил на длабочина од 10 километри, се наведува во соопштението на ЕЛМЕПА, а пренесува грчката телевизија ЕРТ.

Почувствуван во Палеохори, Суга и Сфакија, но засега нема информации за материјална штета.

Претходно утрово на истото подрачје беше регистриран послаб земјотрес со јачина од 3,4 степени според Рихтеровата скала.

Според податоците на ЕЛМЕПА, земјотресот е регистриран на 41 километар јужно од Палеохори, а епицентарот бил на длабочина од околу 25,8 километри.

„Беше силно и траеше околу 30 секунди“, „Моето столче за плажа се помести“, „Бев надвор кога се случи, мислев дека е гром“, се дел од коментарите на луѓето кои го почувствувале земјотресот.

Можете да прочитате

Судири помеѓу полицијата и земјоделците пред ЕП во Стразбур

Британската влада одобри Кина да почне со изградба на нова амбасада во Лондон, една од најголемите во светот

Владата на Полска планира да ја укине вонредната помош за Украинците