Утрински Весник
Свет

Силен земјотрес и во Романија

Силен земјотрес и во Романија

Силен земјотрес ја погоди и Романија. Според првичните инфорации, потресот бил со јачина од 5,7 степени по Рихтеровата скала. Земјотресот е во близина на градот Фратеши.

dobivaj vesti na viber

Земјотресот е почувствуван и во Србија, а граѓаните јавуваат дека потресите ги почувствувале во Белград, Нови Сад, Вршац, Смедерево, Крушевац… Српските медиуми јавуваат дека во Србија владеела паника и оти зградите силно се нишале.

„Живеам во зграда од 18 ката, не ми беше сеедно на 6ти, можам да замислам како се се тресеше на врвот од зградата“, изјави за „Телеграф“ жена од Панчево.

„Се’ во мојата куќа се тресеше, дури и фрижидерот. Се исплашив. Не се чувствувам добро“, вели една белграѓанка.

Од Смедерево известуваат дека земјотресот бил силно почувствуван и оти сите истрчале на улица.

„Овде опасно се ниша, столчето силно ми се тресеше“, изјави за „Телеграф“, Браќе Јерковиќ, жител на белградската населба.

 

Можете да прочитате

САД ја продолжија лиценцата за меѓународни операции на Лукоил до 2026

Намалување на ограничувањата за извоз на оружје во Швајцарија

Европејците го гледаат Трамп како непријател и се загрижени за војна со Русија