Утрински Весник
Свет

Силен земјотрес го погоди поширокиот регион на Токио

Zemjotres.webp.webp

Силен земјотрес го потресе поширокиот регион на Токио, соопштија денеска локалните власти, додавајќи дека нема опасност од цунами.

Епицентарот на земјотресот со магнитуда од 5,0 степени бил во префектурата Ибараки, во соседство на Токио, на длабочина од околу 50 километри, соопшти јапонската метеоролошка агенција.


Геолошкиот институт на Соединетите Држави (USGS) ја процени магнитудата на 4,9 степени.

Засега нема извештаи за штети или повредени лица, пренесе ДПА.

Можете да прочитате

Рубио: САД се задоволни од напредокот во Венецуела, на Куба ѝ се потребни реформи

Лагард: Последиците од војната со Иран ќе бидат долготрајни

Руски воен авион падна над Крим, загинаа 29 лица