Утрински Весник
Свет

Силен топлотен бран во Грција: Предупредувања поради високите температури, доктори цела низ Атина

Grcija 2.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Грција беше погодена од првиот топлотен бран во сезоната, кој ги затвори училиштата, како и археолошките локалитети како Актрополис, а лекари се распоредени низ Атина.

Како што јави Ројтерс, метеоролозите предвидуваат дека температурата денеска и утре ќе достигне 43 степени Целзиусови. Акропол денеска ќе биде затворен од пладне до 17 часот, а два дена ќе бидат затворени и многу основни училишта и градинки низ државата.

Минатата година, високите температури поттикнаа разорни пожари и дождови предизвикаа некои од најголемите поплави досега, според Ројтерс. Високи температури беа забележани минатата година во поголемиот дел од јужна Европа, вклучувајќи ги Португалија, Франција, Шпанија и Италија.

Пожарите оваа година во Грција започнаа порано од очекуваното, вклучително и оној во март. По минатогодишните разорни шумски пожари, Грција ги засили подготовките за гаснење пожари, ангажирајќи повеќе персонал и засилувајќи ја обуката за спасувачите.

Можете да прочитате

Израелските сили убија двајца Палестинци на Западниот Брег

Полицијата на Корзика уби маж кој се заканувал со нож

Брз патнички воз уби седум слонови на пруга во Индија