Утрински Весник
Македонија

Силен Антициклон над Македонија, ќе има многу густа магла по котлините

Magla.jpg

Метео анализа на Славчо Попоски:

Под влијание на силен Антициклон (Поле со висок воздушен притисок) во текот на новата седмица времето во Македонија ќе биде стабилно и суво со многу повеќе сончеви периоди особено на повисоките населени места  и на планините, додека по котлините ќе има појава на магла  и ниска облачност и таа повремено во дел од котлините ќе биде густа  и ќе предизвика значително намалена видливост. Токму поради ова ги советувам возачите да внимаваат како управуваат со своите возила токму поради очекуваната густа магла по котлините.

Појава на магла  и на ниска облачност која повремено ќе биде густа ќе има  и во Скопската котлина.

Особено маглата ќе биде густа  и ќе условува значително намалена видливост во утринските  и во вечерните  и во ноќните часови. Во местата со магла температурите преку ден ќе останат пониски.

Кога станува збор за температурите тие во текот на новата седмица ќе бидат невообичаено високи за месец декември и ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 17/18 степени. Наутро ќе биде поладно и температурите на повеќе места ќе се спуштаат близу или за неколку степени под нулата. Во Скопје  и околината температурата наутро ќе се спушта до околу или малку под нулата а преку ден таа ќе се искачува до околу или за некој степен под 10 степени.

Температурите кои се очекуваат во текот на новата седмица ќе бидат повисоки од вообичаените за декември и тоа дури за повеќе од 10 степени.

Можете да прочитате

Апел за внимателно движење во природа, АХВ започна орална вакцинација на лисици против беснило

Свети Климент Охридски Чудотворец – просветител и апостол на словенскиот род

Што мора да следи по конгресниот говор на Мицкоски?