Утрински Весник
Свет

Сикорски: Не е незамисливо испраќање на НАТО трупи во Украина

Radoslav Sikorski.jpg

Шефот на полската дипломатија Радослав Сикорски не ја отфрла идејата на францускиот претседател Емануел Макрон за евентуално распоредување на НАТО сили во Украина.

– Присуството на силите на НАТО во Украина не е незамисливо, напиша Сикорски синоќа на платформата Икс, повеќе од една недела откако Макрон лидер предизвика бурни реакции со неговите изјави на состанокот на европските лидери.

Ставот на Сикорски е спротивен на позицијата на полскиот премиер Доналд Туск, кој за време на неговата посета на Прага минатата недела, јасно стави до знаење дека Полска нема намера да испраќа сили во Украина. Според Туск фокусот треба да биде ставен на обезбедување максимална поддршка за Украина во нејзините воени напори против руската инвазија.

Претходно, францускиот министер за одбрана Себастиен Лекорну наведе дека забелешките на Макрон биле „извадени од контекст“.

Макрон потврди дека Франција нема да биде завојувана страна во украинскиот конфликт, посочи Лекорну.

Можете да прочитате

Драма на аеродромот во Анталија, авион се запали – евакуирани 79 патници

Сибиха бара партнерите да и обезбедат на Украина системи за пресретнување на ракетите Орешник

Будистички манастир под истрага: 41 тело откриено во Тајланд