„ЕА Спортс“, производителот на популарната видео-игра ФИФА, даде своја прогноза кога е во прашање Светското првенство во Катар.
Преку „симулаторот“ во „ФИФА 23“, ги одиграа сите натпревари од групната фаза, како и потенцијалните нокаут натпревари и го прогласија „својот“ победник.
Според нив, титулата ќе и припадне на Аргентина, која двапати беше прва во светот – во 1978 и 1986 година.
Според нив, Аргентина во финалето ќе го победи Бразил со 1:0.
Исто така, Лионел Меси ќе биде најдобар стрелец, додека титулата најдобар асистент ќе ја поделат Карим Бензема, Пјотр Зиелински и Бернардо Силва.
Секако, тешко е сето ова да се сфати сериозно, но треба да се каже дека „ЕА Спортс“ со овој метод ги погоди победниците на последните три светски првенства.
EA Sports have predicted Argentina to win the World Cup using simmed matches on FIFA 23
This method correctly predicted the winners in 2010, 2014 and 2018 👀 pic.twitter.com/WbV5htZprv
— B/R Football (@brfootball) November 8, 2022