Утрински Весник
Свет

Си: Кина е подготвена да им биде пријател и партнер на САД, тоа ќе му користи на светот

20241016075839 Big 730x400 80.webp.webp

Кинескиот претседател Си Џинпинг изјави дека успешното партнерство меѓу Кина и САД е можност двете земји да бидат двигатели на меѓусебниот развој, а не пречка, јавија кинеските државни медиуми.

-Кина е подготвена да им биде партнер и пријател на САД. Тоа ќе биде од корист не само за двете земји, туку и за светот, рече Си на годишната церемонија на доделување награди за 2024 година на Националниот комитет за односи меѓу САД и Кина, пренесe CCTV.

Си посочи дека односите меѓу Кина и САД се меѓу најважните билатерални односи во светот и влијаат на иднината и судбината на човештвото.

Двете земји имаат несогласувања околу прашањата за националната безбедност, актуелните трговски спорови, како и активностите на Кина во Јужното Кинеско Море и интензивирањето на воените вежби околу Тајван.

Трговските односи се влошија во текот на изминатата година и се фокусираа на прашања како што се ограничувањата на електричните возила и напредните полупроводници.

-Кина отсекогаш управувала со кинеско-американските односи според принципите на меѓусебно почитување, мирен соживот и соработка меѓу двете страни и секогаш верувала дека успехот на Кина и на САД е можност и за двете земји, рече Си.

Можете да прочитате

Во Холандија се зголемува бројот на пациенти кои преживуваат рак

Трамп потпиша извршна наредба за укинување на санкциите врз Сирија

САД дќе му продадат муниција на Израел во вредност од 510 милиони долари